Потрошувачите најмногу се жалат телекомуникациските услуги
Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013 12:38
Потрошувачите во Македонија најмногу се жалат на услугите кај мобилната и фиксната телефонија и кабелските оператори по што следат поплаките кон ЕВН Македонија и Топлификација.
Ова беше истакнато на денешното традиционално одбележување на 15 Март, Светскиот ден на потрошувачот од страна на Министерството за економија.
- Во советувалиштето во Скопје лани вкупниот број на советувања од ОПМ изнесува 1.266 од кои најголемиот дел се телефонски, лични советувања се 85, а по пошта и и-меил пошта се пристигнати 152 советувања. Најголем дел од советувањата се водоменот на гаранцијата и рекламациите на прозивод за кој не е проследен гарантен лист, овластен сервисет не го запазува рокот за сервисирање и производот го враќа неисправен, рече Марија Лончар од ОПМ.
Потрошувачите исто така како значаен проблем го истакнуваат и немањето декларација на македонски јазик на сите производи и оти постои нечесно пазарно однесување особено кај промоцијата на производите, предпродажните услови и неисполнувањето на дел од договорите.
- За несообразноста на производот со неговиот квалитет има 178 поплаки, 173 поплаки се во делот на он-лајн услугите, 558 поплаки се кон јавните претпријатија и се однесуваат за застареност на побарување, правилниците утврдени од страна на Регулаторот, испорака на топлиснка енергија, раскинување на договори со кабелските оператори, нееднаквоста на наплата на потрошувачите кај корисниците на ЕВН Македонија со нови и стари броила, радиодифузната такса, 357 поплаки се во областа на гаранциите, а 178 се за неквалитетни производи и услуги, рече Лончар.
Најголем дел од потрошувачите кои по писмен пат побарале заштите од ОПМ, нагласи, си ги остваруваат правата, додека кaj оние кои побарале телефонски совети од Организацијата остварувањето е од 70 до 80 отсто.
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачите, државниот секретар во Министерството за економија Анче Трифунов и претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски потпишаа кодекс кој претставува доброволна рамка за регулирање на работењето на банките и штедилниците со клиентите, правни и физички лица, и во него се утврдени минимумот страндарди и вредности за добро работење и фер пазарно напреварување.
Во мај 2012 година на иницијатива на Министерството за економија ваков кодекс веќе е потпишан со Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачот е јакнење на свеста на потрошувачите во Македонија за заштитата на нивните права што им ги гарантира Законот за заштита на потрошувачите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





