Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките
Објавено во: Анализа 21 Јуни, 2018 14:03
Вкупно 680 милиони евра изнесуваат станбените кредити во земјава во мај годинава и се за 15 отсто повисоки во споредба со истиот период лани.
За потрошувачки кредити гражаните на банките во мај им должат 1,23 милијарди евра. На годишно ниво сумата одобрени потрошувачки кредити пораснала за 11 отсто. По овие две основи практично е и најголемиот раст на кредитирањето во земјава. За разлика од нив, помал е растот кај другите типови кредити.
„Кај автомобилските кредити, втор месец по ред, е забележано месечно намалување од 0,7 проценти, додека на годишно ниво е остварен раст од 2 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат нагорна месечна промена од 0,2 проценти, во услови на годишен пад од 0,7 отсто.
Овој месец, негативните салда на тековните сметки се зголемени на месечна и годишна основа за 5,6 проценти и за 4,2 отсто, соодветно“, велат од Народната банка.
Инаку вкупните кредити на банките во мај изнесуваат 4,9 милијарди евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





