Потврда за довербата: Исплатени над 17,8 милиони денари дивиденда на инвеститорите во ВФП Дивиденда Акции
Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2025 13:10
Фондот ВФП Дивиденда Акции, кој е управуван од друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент, и оваа година ја реализираше редовната исплата на дивиденда – потег кој уште еднаш ја потврдува неговата единственост на македонскиот пазар на инвестициски фондови. На инвеститорите им се распределени 17.830.550 денари бруто-дивиденда или над 289.000 евра , како резултат на успешно управување и стратегија што носи континуирана вредност за сопствениците на удели.
Овој фонд е единствениот во Македонија што практикува редовна, годишна исплата на дивиденда, со што поставува нови стандарди на транспарентност, стабилност и доследност. Тоа не е само одраз на постигнатите резултати, туку и на јасната визија за тоа што значи да се гради долгорочна доверба со инвеститорите.
Покрај исплатата на дивиденда, инвеститорите добиваат и дополнителна вредност преку движењето на цената на уделот во фондот, што значи дека приносот не се базира само на паричниот прилив, туку и на зголемената пазарна вредност на нивната инвестиција. Од основањето на фондот на 20.01.2021, до датумот на стекнување на право на исплата на дивиденда, 06.05.2025 година, фондот ВФП Дивиденда Акции преку движењето на цената на уделот има остварено 44,96% принос од основање, односно сложен просечен годишен принос 9,03% (CAGR). За истиот период, фондот има остварено и 6,38% вкупен принос од дивиденда. Сепак, важно е да се напомене дека прикажаните приноси, вклучително и сложената годишна стапка на раст (CAGR), се од информативен карактер и не претставуваат гаранција за идните резултати. Историскиот принос не е индикатор за иден принос, а вредноста на инвестицијата може да варира во зависност од пазарните услови.
Фондот е структуриран врз принципи на глобална диверзификација со стратегија фокусирана на големи мултинационални “Blue Chip” компании кои се лидери во сопствените индустрии и кон компании што исплаќаат стабилна и растечка дивиденда. Преку стратешко алоцирање на капиталот во Америка, Европа и Азија, ВФП Дивиденда Акции обезбедува изложеност на светски економии и балансирање на ризикот преку географска и секторска рамнотежа.
Во амбиент кадешто пазарите се сè подинамични, ВФП Фонд Менаџмент останува доследен на својата улога: да го штити, зголемува и насочува капиталот на инвеститорите со професионализам, интегритет и визија. Исплатата на дивиденда за 2024 година претставува уште една потврда за таа заложба и доказ дека стабилноста и растот можат да одат рака под рака кога зад нив стои силна стратегија.
ПР ОбјаваФото: Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




