24 Јануари, 2025
0.0275

Потврдено лидерството на Coca-Cola HBC во заштитата на животната средина

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Системот на Coca-Cola HBC, каде припаѓа и Пивара Скопје, е награден со А рејтинг од страна на CDP (Carbon Disclosure Project), со што се вброи меѓу корпорациите кои ја сочинуваат листата на глобални лидери во заштитата на животната средина и намалување на влијанието од климатските промени. CDP e непрофитна организација која го нуди единствениот глобален систем според кој компаниите можат да ги мерат, управуваат и споделат клучните информации за животната средина, мотивирајќи ги да го намалат сопственото влијание врз неа. Исто така, Coca-Cola HBC неодамна беше прогласена за најдобра во светот меѓу компаниите за производство на пијалаци за 2014-та година од страна на „Дау Џонс индексите за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices). Ова дополнително признание е добиено откако претходно над 2500 големи компании од различни индустриски сектори од Европа и светот се оценувани врз основа на релевантни финансиски, економски, социјални и еколошки параметри, при што Coca-Cola HBC е рангирана на прво место меѓу 30 компании за производство на пијалаци во светот и прва од 10-те компании од овој сектор во Европа. Осврнувајќи се на добиените признанија, главниот извршен директор на Coca-Cola HBC, Димитрис Лоис изјави: „Ние сме пресреќни што сме препознаени како лидери во нашата индустрија од страна на двата клучни показатели за корпоративните практики за одржлив развој. Нашиот значаен напредок оваа година на „Дау Џонс индексите за одржливост“ и добивањето на А рејтингот од страна на CDP јасно покажуваат дека одржливоста е во срцето на нашиот бизнис. Овие две награди се признание за целата компанијата за добрата работа што ја правиме“. Според CDP, Coca-Cola HBC го заслужи местото меѓу глобалните лидери во заштитата на животната средина благодарение на спроведените иницијативи и инвестиции кои директно и индиректно придонесуваат за намалување на емисиите на јаглерод во атмосферата за 5.3% во однос на минатата година. Некои од тие иницијативи вклучуваат воведување на ладилници кои не користат гасови што делуваат неподобно на атмосферата, како и инвестиции од 3 милиони евра во 2014-та во имплементација на програми за заштеда на енергија. „Горди сме што припаѓаме кон сeмeјството на Coca-Cola HBC и на таков начин имаме можност да учествуваме во иницијативите за заштита на животната средина. Нашиот реален придонес во реализацијата на овие иницијативи се гледа и преку тоа што сите нови ладилници што ги набавува Пивара Скопје не користат гасови што делуваат неподобно на околината, а дополнително со инвестициите во нов систем за греење во нашите производни погони постигнавме ефикасна заштеда на енергија. Среќни сме што со овие активности и вложувања придонесовме целиот систем на Coca-Cola HBC да биде препознаен како глобален лидер во заштитата на животната средина“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ. Во составот на Coca-Cola HBC се наоѓаат компании од 28 земји, меѓу кои и Пивара Скопје АД, кои произведуваат брендови од портфолиото на Coca-Cola за пазар од вкупно 586 милиони потрошувачи.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес