05 Декември, 2025
0.1448

Потврдено: Водата во Охридското езеро е безбедна за капење

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2013 20:08

Добивај вести на Viber

Во пресрет на летото, анализите на Центарот за јавно здравје-Охрид покажаа дека во крајбрежниот дел на Охридско Езеро водата е од прва класа и капењето во неа е безбедно. Мостри биле земени од во втората половина на мај, а се анализирани 29 примероци на површинска вода на мерните места од „Св. Наум“ до село Радожда и на три примероци од реките што се вливаат во Езерото, Велгошка, Коселска и Сатеска. „Генерално, во мај оваа година водата во крајбрежниот дел, односно делот кој се користи за капење и рекреација на Охридското Езеро, од македонска страна, најповеќе припаѓала на прва класа, односно 90 проценти од анализираните примероци, а од втора класа 10 отсто„, соопштија од Центарот. Според класификација на водите, водата од прва класа, во природна состојба со соодветен третман-дезинфекција, може да се користи за водоснабдување, а вода од втора класа за капење, спорт, рекреација и слично. Опасност од оптоварување на екосистемот и органско загадување на езерото од македонска страна постои во крејбрежниот дел од домаќинства кои не се зафатени со колекторскиот систем за пречистување на отпадните води. Се работи за неколку домаќинства на потегот од „Св. Софија“ до „Сараиште“, од село „Пештани“ до „Св. Наум“, кај вливот на река Велгошка и од Струга до село Радожда, се вели во соопштението на Центарот. Примероците на вода од реките што се вливаат во Охридското Езеро на 28 биле земени од реките Коселска и Сатеска и на 29 Велгошка река, според анализите и припаѓаат на втора класа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј