20 Декември, 2025
0.1846

Поведена постапка против организирана криминална група заради продажба на наркотици

Објавено во: Македонија 19 Март, 2017 17:03

Добивај вести на Viber

По напатствија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи започна оперативна акција против организирана криминална група.

Групата подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава.

„По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, надлежен јавен обвинител постапувајќи против шестмина осомничени до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка - Притвор за пет лица и мерка - Куќен притвор за еден од осомничените. Лицата се товарат дека сториле кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик“- информираат од обвинителството. 

Во исто време надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредби за вештачење на траги од наркотична дрога, вешачење на ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции.

Вештачењата се во тек. Двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки