Повеќе нема оправдување за „Македонија пат“ откако Владата даде три милиони евра
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021
Јавното петпријатие за заштита и одржување на магистралните и регионални патишта по подолго време ќе има можност да купи нова механизација, а за тоа веќе доби три милиони евра од Владата.
Парите во износ од 180 милиони денари кои на крајот од минатата година Владата објави дека ќе ги префрли како државна помош за ЈП Државни патишта, се всушност пари кои од таму треба да се најдат на сметката на поранешна „Македонија пат“, во чии надлежности меѓудругото е да работи и на зимско одржување на патиштата.
- Од 22.12.2020 одобрени се средства во износ од 180.000.000 на ЈП за државни патишта наменети за набавка на механизација за одржување на минимум стандарди на инфраструктурата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, велат од ЈП Државни патишта.
Од таму додаваат дека средствата се префрлени од државниот буџет за 2020 на крајот на годината на посебна наменска сметка на ЈП за државни патишта и се пренесуваат за 2021, а ќе се користат наменски според одлуката.
Инаку поранешно ЈП Македонија пат веќе неколку години по ред бара од Владата помош за набавка на нови машини и возила. Во последниот извештај вели дека недоволната и неквалитетна механизација влијае на негативниот финансиски извештај со својата амортизација.
Јавното претпријатие „Државни патишта“, кој инаку годишно од својот буџет одобрува по околу 10 милиони евра за „Македонија пат“, на 30 декември ја доби исплатата од 180 милиони денари како државна помош.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.