Повеќе од 200.000 заболени од корнавирусот, но Европа е епицентарот сега
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Март, 2020 13:25
Европа во моментов е
епицентар на коронавирусот, земјите секојдневно регистрираан нови заболени.
Рекордна е бројката во Белгија, каде само утринава се потврдеи уште 243 нови случаи
. Сега таму има вкупно 1.498 пациенти, од кои дури стотина се на респираторни
апарати. Поради фактот дека случаите интензивно се зголемуваат, белгиската
влада одлучи од денеска на пладне земјата да биде во апсолутен карантин. Отворени
остануваат само аптеките и продавниците за храна. Претседателката на Европската
Комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Ковид-19 е загрижувачки
противник.
-Кога зборуваме за коронавирусот, не би го употребила зборот војна, но Ковид-19 е исклучително загрижувачки противник. Сите кои не сме експерти од оваа област, мислам дека многу го потценивме вирусот, рече Урсула фон дер Лајен.
Австрискиот Канцелар, Себастијан Курц вели штетата од коронавирусот ќе се чувствува многу месеци, а целиот свет ќе изгледа поинаку. Од негова страна не изостана критиката дека има голема некооперативност меѓу државите.
– Во Европа гледаме дека нема солидарност кога нештата стануваат сериозни и тоа ќе доведе до многу дискусии по кризата. Глобализацијата сè повеќе ќе се анализира. Вирусот предизвикува неверојатни последици по економијата и затоа, треба да се вложат сите напори за поддршка на претприемачите и за осигурување на работните места.
Само еден од примерите за последици во економијата е светскиот гигант Ролекс, кој најави прекин на производството во наредните 10 дена. Ваков чекор презедоа и автомобилските компании Тојота и БМВ, кои соопштија дека го запираат производството во фабриките во Европа. Двете фабрики појаснија дека дошло до опаѓање на продажбата на автомобили поради епидемијата на коронавирусот, дека имаат тешкотии во одржувањето на синџирот на набавка, но и дека сакаат да ги заштитат вработените од заразата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





