28 Ноември, 2024
0.0463

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Среде атмосфера исполнета со радост, возбуда и емоции, изминатата сабота повеќе од 400 дипломци од целиот регион, меѓу кои и од Македонија, ги прославија своите академски достигнувања на церемонијата во концертната сала во Солун, каде што свечено им беа врачени дипломите. Посебен момент беше доделувањето на дипломи за почесен докторат на г-ѓа Алкистис Протопсалти, позната грчка пејачка и г-ѓа Мелина Канакардес, номинирана за EMI актерка, писателка и режисерка, од страна на професорот Чарли Џефри, заменик-канцелар и претседател на Универзитетот Јорк.

Дипломираните студенти на СИТИ Колеџот беа претставени на професорот Чарли Џефри заменик-канцелар и претседател на Универзитетот Јорк, на г-дин Јанис Верверидис, претседател и директор на СИТИ Колеџот и на професорката Мери Винсент, потпретседател за образование на Универзитетот Шефилд.

Во својот срдечен говор г-ѓа Алкистис Протопсалти се заблагодари на Универзитетот Јорк за оваа голема чест, „Моето патување беше тешко, но вербата, напорната работа и силната страст ми помогнаа да стигнам до оваа точка. Не е најважно да го освоиш врвот на планината, туку патувањето и луѓето кои ви се придружуваат на патот. Секогаш ќе има повеќе цели за постигнување и повеќе соништа за следење. Останете фокусирани на вашиот пат и не дозволувајте да ви го одвлекуваат вниманието како што Одисеј ги избегнуваше сирените“.

Г-ѓа Мелина Канакардес, исто така, срдечно се заблагодари на Универзитетот за оваа голема чест и обраќајќи им се на дипломираните студенти на СИТИ Колеџот, таа рече: „Исто како мене, Солун можеби не беше градот во кој сте родени, но бевте нурнати во неговата историја и неговата убавина. Вие растевте и социјално и интелектуално во овој прекрасен град“.

Настанот започна со воведниот говор на г-дин Метју Лоџ, британски амбасадор во Грција, додека пак, прв на говорницата кој застана за да им честита на нашите дипломци беше г-дин Џорџ Стратегакис, претседател на Одборот на директори на СИТИ Колеџот.

Во својот говор г-дин Јанис Верверидис, претседател на СИТИ Колеџ, рече: „За нашите дипломци, ова е само почеток на следното поглавје од животот и размислувањето по кој пат ќе одат понатаму. Мојот предизвик до вас драги дипломци, додека ги правите вашите следни чекори, е да размислите за потребите на светот и како можете да го искористите знаењето што сте го стекнале и талентите што сте ги развиле за да имате влијание врз него. Сега сте дипломирани на меѓународни универзитети од врвна класа и ги имате сите причини да бидете горди на ова. Имате квалитети и самите да бидете многу успешни, но во исто време, запомнете дека имате капацитет да придонесете за градење подобра иднина за општеството како целина“.

Церемонијата ја проследи истата академска поворка како на  британските универзитети и заврши со говор на професорот Чарли Џефри, заменик-канцелар и претседател на Универзитетот Јорк, каде тој ги истакна заедничките вредности со Европскиот кампус СИТИ Колеџ во промовирањето на учењето за јавна корист. Тој, исто така, зборуваше за квалитетите што треба да ги имаат дипломираните студенти во ера на брзи технолошки промени, наведувајќи: „Иако вештините за работа со нови технологии се важни, на крајот тие се привремени бидејќи технологијата ќе продолжи понатаму. Она што е поважно е способноста да се прилагодите, да го примените критичкото размислување на новите предизвици, да соработувате, да се чувствувате удобно во различни услови, во јавниот или приватниот сектор, на различни локации и работејќи со различни националности и култури. Вие не дипломирате само затоа што ја владеете материјата академски, туку дипломирате и со мудри идеи што ги негуваат нашите вредности“.

На доделувањето на дипломите присуствуваа над 1.500 гости, меѓу кои и семејствата и пријателите на дипломците, како и истакнати гости на СИТИ Колеџот.

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ има статус на Меѓународен кампус на Универзитетот Јорк, еден од најдобрите универзитети во светот - 147ми согласно рангирањето на светските универзитети на Times Higher Education 2024. СИТИ Колеџ е уникатна меѓународна институција со седиште во Грција и распространети активности во 8 земји, широко призната низ целиот регион за академската извонредност. Повеќе од 35 години СИТИ Колеџ го поврзува врвното високо образование од Велика Британија со целиот регион, Европа и светот.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција