27 Ноември, 2024
0.0299

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Справувањето со недостигот на работна сила - сѐ позначаен предизвик во Северна Македонија - вклучува мерки кои ќе го помогнат вработувањето на невработените лица и ќе ги подобрат условите за работа и продуктивноста.

Препораките за справување со овој предизвик се дел од студијата изготвена од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Студијата која содржи длабинска анализа на пазарот на трудот во Северна Македонија, како и предлог системски решенија и политики во оваа област, беше презентирана на конференцијата на која присуствуваа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти и регионалната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, а на која активно учество земаа и претставници на работодавачите, синдикатите, академската и бизнис заедницата.

„Недостигот на работна сила е предизвик со кој се соочуваат сѐ повеќе земји, особено во Европа, а кој не ја одминува ниту Северна Македонија. Додека од една страна се соочуваме со релативно високи стапки на невработеност и неактивност, од друга страна, секојдневно сѐ повеќе работодавачи пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работната сила и се огласуваат испразнети работни позиции. Оваа студија и анализата на податоците спроведени од страна на Меѓународната организација на трудот ни овозможува длабински да навлеземе во проблемот и да креираме одржливи политики. Истовремено, тие претставуваат одличен патоказ за пристапот што треба да се применува во решавањето на оваа појава“, истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, во своето воведно обраќање на Конференцијата.

Истражувањето е спроведено врз основа на обемна база на податоци од огласи за работни места и ги анализира главните фактори кои придонесуваат за недостигот на работна сила во различни региони, сектори и занимања, во периодот од 2017 до 2024 година. Наодите покажуваат дека најзасегнати од недостигот на работна сила се услужните дејности и продажбата, вклучително сместувачките и угостителските капацитети, градежништвото и производствените дејности, каде што се воочува недостиг од ракувачи на машини. Анализата покажува дека во последните години се зголемува недостигот и во занимањата со високо ниво на вештини. Најголем недостиг на работна сила е забележан во скопскиот регион, додека помал недостиг има полошкиот и југозападниот регион на земјата. Истовремено, домашниот пазар на труд се карактеризира со висока стапка на долгорочна невработеност, особено кај младите и со прилично изразен родов јаз кај активното население.

„За решавање на предизвикот со недостиг на работници неопходно е целосно разбирање на населението и динамиката на пазарот на трудот, како и вклученост на работодавачите и владините институции кои ги креираат и ги имплементираат политиките во доменот на трудот. Преку социјален дијалог, заснован на докази, националните актери треба да се договорат за соодветна комбинација на политики кои треба да овозможат активација на расположливата домашна работна сила, со посебен фокус на жените со мали деца, младите што не се вработени и вклучени во процес на образование и обука, и лицата со посебни потреби, како и зголемување на продуктивноста преку вложувања во образование, обука и дигитализација. Миграциските политики, исто така, може да имаат улога во привлекувањето квалификувани работници од странство“, изјави директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти.

На конференцијата, клучните наоди од студијата и предлог политиките ги претстави Даниела Ѕампини, виш специјалист на МОТ за вработување, а различните аспекти околу недостигот на работна сила и начините за негово надминување беа дел и од панел дискусија на која своите мислења, ставови и предлози ги споделија Слободан Трендафилов – Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Светлана Ристовска-Антиќ – извршна директорка на Организацијата на работодавачи на Македонија, Миле Бошков – претседател на Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски - извршна директорка на Македонија 2025, и проф. д-р Димитар Николоски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски

Промоција на сликовницата „Градоначалник“ од Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски