20 Јануари, 2025
0.0979

Повеќе од 70.000 парчиња запленета стока ќе биде донирана на социјално загрозени граѓани

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Донација со над 72.000 парчиња разновидна стока која Царината ја одзела на граничните премини во прекршочна и во кривична постапка ќе им биде донирана на социјално загрозени граѓани.

Царинската управа и ја предала стоката на Агенцијата за управување со одземен имот која, пак, му ја отстапува Министерството за труд и социјална политика.

Директорот на Агенцијата Башким Амети на прес-конференција информираше дека се работи за околу 3.000 парчиња текстил, околу 2.500 обувки и други видови стока, како прибор и апарати за домаќинство, играчки...  кои граѓаните ќе може да ги добиваат од денеска заклучно до 10 јануари 2014.

Министерот Диме Спасов соопшти дека центрите за социјална работа се обврзани да ги извесатат граѓаните во социјален ризик да поднесат барање за добивање помош од запленетата стока, земајќи ги предвид идентификациските податоци за членови на домаќинството или семејството, бројот на членови  и податоци за условите на живеење.

- За бесплатно распределената и отстапена стока ќе се води точна евиденција која центрите а социјална работа ќе ја доставуваат до Министерството, каде ќе се содржат податоци за крајните корисници и количината и основот по кој е направена распределбата, рече Спасов. Тој очекува донација од запленетата стока да примат околу 10.000 семејства во Македонија.

Првпат во оваа акција фалсификувани брендови облека и обувки се донираат наместо да се уништуваат, откако претходно е отстранет лажниот знак на производителот.

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов рече дека тоа се должи на направените измени на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост и обезбедената согласност од претставниците чии трговски марки биле злоупотеребени, а некои  компании бесплатно учествувале во бришењето на брендовите на фалсификуваните производи. Со законот не се опфатени други видови фалсификувани брендови, туку само облека и обувки кои може да им бидат од корист на посиромашни лица.

- Се  работи за околу 2.500 парчиња спортски обувки, а другото е текстил. Друг вид стока засега законот не предвидува да биде предмет на отстапување доколку се работи за фалсификувана стока. Сите овие производи ги имаат поминато сите правни аспекти и се обезбедени документи од надлежните органи дека се безбедни и здрави за употреба, додаде Каргов

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата