11 Декември, 2025
0.0453

Повеќе од снабдувач: Изберете енергетски партнер кој одговара на вашиот бизнис

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2025 13:24

Добивај вести на Viber

Во време кога безбедната и ефикасна испорака на електрична енергија е клучна за економијата, индустријата и секојдневниот живот, изборот на снабдувач не е само деловна одлука, туку и стратешка. Функционирањето на малите и средните претпријатија, како и долгорочната енергетска безбедност на целото општество, зависи од стабилноста на електричната мрежа.

Како дел од PPC Group – најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа – ЕДС е снабдувач кој нуди прилагодени решенија за мали и средни претпријатија. Во услови на зголемување на трошоците и потребата од безбедност, ЕДС им обезбедува на своите клиенти избор, стабилност и поддршка во донесувањето информирани одлуки.

Компанијата е целосно фокусирана на корисниците, постојано развивајќи решенија што ги задоволуваат реалните деловни потреби. Понудата на ЕДС е резултат на разбирањето на секојдневниот живот на компаниите, желбата за флексибилност и потребата од сигурен енергетски партнер.

Во неодамнешно интервју, извршниот директор Александар Сарџовски го нагласи стратешкиот правец на компанијата:

„Фокусирани сме на подобрување на оперативните перформанси, зголемување на конкурентноста и подобрување на услугите за нашите клиенти. Нашата стратегија се базира на иновации во енергетските услуги, дигитализација на процесите и поддршка на клиентите во нивниот премин кон поодржливи енергетски операции“, вели Сарџовски.

ЕДС неодамна воведе два нови тарифни модели кои одговараат на различни типови компании:

• „Без обврски“ – максимална флексибилност:

Компаниите кои сакаат поголема слобода можат да го изберат овој модел, со единствена цена од 12,99 денари за киловат-час. Нема договорни обврски – доволно е да ја известите компанијата 15 дена однапред доколку сакате да ја прекинете соработката.

• 12-месечен договор – долгорочна сигурност и попуст:

Компаниите кои ќе се одлучат за годишен договор добиваат пониска цена – 10,49 денари за киловат-час, плус попуст до 3.000 денари за првите шест месеци. Оваа понуда е наменета за оние кои сакаат предвидливост и долгорочна вредност.

Изборот на добавувач денес е многу повеќе од административна постапка – тоа е избор на партнер кој ќе го поддржи вашиот раст.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“