30 Септември, 2024
0.0267

Повеќе се радувам на разговор дома во пижами, отколку на скап ручек во кафеана: Отворено со Стефан Андоновски

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Непосреден, односно пресретлив, едноставен во односот со луѓето и елоквентен, таков е Стефан Андоновски - советник на градското собрание, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и раководител на партискиот истражувачки и аналитички центар, со кого разговаравме опуштено и отворено за неговата професионална ориентација, вклучително и за приватниот живот, од подруг аспект. 

За разлика од многумина, не се фингира, а очигледна е и неговата филокалија, т.е. љубовта кон етичкото, убавото, чесното. Стефан инаку е првиот и засега единствениот Македонец што магистрирал со десигнација cum laude (со почести) на SAIS (Школа за напредни меѓународни студии) при вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс.

И покрај толкавиот брејндрејн (одлевање на интелектуалците, егзодус на мозоците), Вие решивте да се вратите од Америка. Зошто? Кој беше мотивот?

- Кога животен повик ви се меѓународните односи, вие не сте човек кој живее за профит или за богатство. Често, тоа го правите затоа што сакате да ѝ помогнете на својата држава. Мојот мотив за студирање во Америка беше да учам од најдобрите во оваа фела. Па сепак, ако стекнатото знаење не го пренесете дома, барем кај меѓународната политика - тогаш, за мене тоа ќе значеше една пропуштена шанса. Чувството дека нешто ѝ должите на татковината, оттука е и мотивот и обврската да се обидете да ѝ вратите најдобро што знаете. Затоа, сѐ додека имам каков било простор за придонес, јас ќе останам тука за да ја направиме Македонија онаква каква што посакуваме да ја видиме.

Што научивте таму кога се работи за стилот, начинот на живеење? Што Ви се допадна кај Американците, што „презедовте“ од нив? Што не Ви се допадна во Америка, која е дистинкцијата меѓу Американците и Македонците во таа смисла? Ви се допаѓа ли американијадата? Каков е Вашиот став кон неа?

- Ми се чини дека ние како Европејци (и ние Македонците во таа група) сметаме дека Америка е едно исто, независно дали се наоѓате во Њујорк или Њу Орлеанс. Но, тоа е толку голем простор, толку многу култури се наоѓаат на едно место што тешко е да се дефинира што поконкретно е нивниот цивилизациски стил. Ако со една фраза сепак треба да се опише, тоа би било - земја на можности. Таму, само ако напорно работите, можете да успеете. Независно од верата, расата, јазикот што го зборувате, возраста.., простор има за секого.

Мене лично, искуството во САД ме промени и во начинот на живеење, и во размислувањето, и во перцепцијата за материјалното и духовното. И можам да одвојам неколку работи кои ги „купив“ од Америка. Прво, односот кон облекувањето и пазарувањето. Таму научив дека можете да купувате кога е попуст, да заштедите, а еднакво да сте задоволни од нештата кои сте ги купиле. Толку многу луѓе гледате во еден ист ден и толку никој не го засега како сте облечени што можете да бидете целосно свој, слободен и неоптоварен. И второ, посуштинско, мислам дека таму го променив односот кон работата. Ми личеше дека Американците се многу поработливи од нас. Избираат област која ги привлекува и во која се добри и работат многу напорно во неа. Работниот ден трае и по 15-16 часови. Мислам дека ние сме помрзливи, генерално. Сакаме да правиме долги паузи додека сме на работа, кафињата ни траат со часови, и понеделник ни е ден за кафеана или дискотека, навистина многу порелаксиран живот. Не велам дека тоа е добро или лошо, но секако резултатот се гледа во економскиот напредок на општествата.

Повеќе на Машки магазин овде


Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација