ПОВИК ОД ВЛАСТИТЕ: Србите кои се во регионот до петок да се вратат дома
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Септември, 2020 19:03
Српските власти денеска ги повикаа своите граѓани да се вратат од земјите во регионот до петок.
Српскиот Кризен штаб донесе одлука сите граѓани на Србија, кои престојуваат во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, да се вратат до петок до 18 часот.
„Апелираме до сите граѓани да се вратат во својата земја до крајот на оваа недела, бидејќи после тоа ќе имаме поинаков режим за секој што ќе влезе во нашата земја“, рече д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Наведуваат дека она што е многу важно е дека сите земји во регионот се забележува зголемување на бројот на новозаразени.
„Црна Гора е на трето место, Хрватска и Босна и Херцеговина се на таа листа. Нашата ситуација е многу поповолна. Во оваа прилика, апелираме до сите наши граѓани кои се во овие земји да се вратат во Србија до петок. Од петок во 18 часот се воведуваат контроли за сите патници кои влегуваат од овие земји за да се намали ризикот. Апелираме до сите граѓани да се вратат во нивната земја затоа што после тоа ќе имаме поинаков режим“, посочи д-р Кисиќ Тепавчевиќ.
После петок Србија ќе воведе надзор за сите патници кои влегуваат во земјата од ризичните држави, прецизирајќи дека надзорот ќе трае 10 дена.
Новите препораки на сите водечки здравствени организации се однесуваат за 10-дневен карантин по враќањето од земја во која епидемиолошката состојба е неповолна.
Во Србија денеска се регистрирани 29 нови случаи од тестирани 5.930 примероци. Вкупно во земјата досега се регистрирани 32.437 позитивни случаи на Ковид-19. Денеска во Србија нема починати од коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




