05 Декември, 2025
0.0371

Повик за доставување барања за финансиска поддршка за рурален развој

Објавено во: Агробизнис 08 Јуни, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  денеска објави повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година, за мерка 322 (Обнова и развој на селата) и за мерка 323 (Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја).

Финансиската поддршка од првата мерка опфаќа изработка на урбанистички планови за села, инвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици (вклучително и атмосферска канализација и пешачки елементи) во должина до еден километар,  инвестиции за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта во рурални средини до 30.000 жители.

Втората мерка опфатена со јавниот повик (323) вклучува  инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на села со локалитет од значење за начинот на живот и работа на селската популација во должина до два километра, означување на културни и природни знаменитости во рурални средини, обележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки, уредување на излетнички места во рурални средини (вклучително и нивно поврзување со електрична енергија, водоснабдување, канализација).

- Финансиската поддршка за мерка 322 и 323 изнесува 100 проценти од износот на прифатливи трошоци, средствата  на барање на корисникот може да се додели во вид на авансна  исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или средствата може да се доделат на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата врз основа на времени ситуации од надзор или документација за набавка на опрема. Финансиската поддршка за мерка 322 и 323 се исплаќа на корисниците кои претходно го исплатиле делот од вредноста на инвестицијата кој се однесува на неприфатливите трошоци (вклучително и даноци) на економскиот оператор со кој склучиле договор за јавна набавка за одобрената инвестиција, соопшти Агенцијата.

Образецот-барање за користење средства заедно со листата на потребни документи и упатство за корисниците може да се подигне во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на нејзината веб-страница www.ipardpa.gov.mk. Пополнетите барања треба да се достават во Агенцијата најдоцна до 8 јули 2013.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?