Повик за користење финански средства за руралните средини
Објавено во: Агробизнис
03 Јуни, 2013 12:15
Добивај вести на Viber
За подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој објави повик за користење финансиски средства
Финансиските средства се дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и се наменети за инвестиции во локалната патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе села во должина до 5 километри, за поврзување села со регионален пат или со населено место - град во должина до 7 километри и за обезбедување на телекомуникациска инфраструктура во села до 500 жители.
Парите се наменети и за инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи во села до 1.500 жители, инвестиции во објекти и опрема за организирање продажба на земјоделски производи и жив добиток во рурални средини, како и за инвестиции во објекти и опрема за детски, младински и пензионерски културни центри или клубови во селата.
Средствата се наменети за набавка на нови основни средства, за оперативните трошоци поврзани со набавените средства и останатите трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2013 година.
Финансиската поддршка изнесува 100 проценти од износот на прифатливи трошоци. Средствата на барање на корисникот може да се доделат во вид на авансна исплата во висина од 20 проценти од вредноста на одобрените трошоци, да се доделат на две рати или пак согласно со фазите на реализација на инвестицијата. Парите им се исплаќаат на корисниците кои претходно го исплатиле делот кој се однесува на неприфатливите трошоци на економскиот оператор со кој склучиле договор.
Барањето за користење на средствата заедно со потребните документи може да се подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или од веб страницата www.ipardpa.gov.mk.
Крајниот рок за доставување на барањата е 3 јули годинава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?