Повик за поголем интерес и искористување на ИПАРД програмата
Објавено во: Агробизнис 09 Јуни, 2013
Јавен повик за еден месец ќе распише Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење средства од ИПАРД програмата. Повикот ќе се однесува на финансирање проекти од мерките за инвестициии во земјоделски стопанства и во преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за диверизификација на руралниот развој.
- Овој јавен повик ќе биде од исклучителна важност за земјоделците затоа што во обем вреди повеќе десетици милиони евра. Суштината на самиот повик е што Владата во соработка со Европската комисија ќе финансира дури 50 проценти од трошоците за реализиација на земјоделските проекти, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој информира дека со новиот повик значително ќе бидат поедноставени процедурите за аплицирање од страна на земјоделците, ќе се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за земјоделците кои сакаат да аплицираат и треба да обезбедат документи и елаборати.
Според Ѓорѓиев, тимови на Агенцијата за поддршка на земјодеството и руралниот развој и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе се на терен за што подобро информирање на земјоделците.
Одѕивот, истакна, очекуваме да биде доста поголем од досегашните. Најважно е да биде искористен што поголем обем на средства, независно од бројот на апликациите. Тоа значи дека треба да има добри проекти кои ќе дадат резултат во создавањето додадена вредност во земјоделството и економијата, рече Ѓорѓиев.
- Очекуваме дека ќе има интерес за сите три мерки и секоја подмерка во нивни рамки затоа што едната дава можности на индивидуалните земјоделци, а останатите на поголемите земјоделски компании, некои помош на мали и средни претпријатија, а некои и можности за отворање семејни бизниси и вработување. Очекуваме дека интересот ќе биде задоволителен и апелираме да биде што поголем, нагалси Ѓорѓиев.
Со мерката за инвестициии во земјоделски стопанства ќе се кофинасираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, компјутерска опрема.... Проширена е, појасни Ѓорѓиев, основата на мерки што може да се финансираат. Ако досега беше дозволено само финснсирање односно кофинаисрање на оранжерија или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. За проектите до 50.000 евра значително се поедноставува деловниот план, со што тие што ќе аплицираат ќе имаат пониски трошоци за апликација.
- Се дава поголем период за достигнување на европските стандарди, нешто што беше детектирано како главен предизвик во досегашните процеси, а исто така и се проширува интервалот на средствата што ќе се кофинансираат. Ако досега се финансираа проекти во вредност од 5.000 до 400.000 евра сега ќе се финансираат проекти што вредат од 3.000 евра до 1,5 милиони евра, рече Ѓорѓиев.
Мерката за инвестиции во преработувачка на земјоделски производи опфаќа финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници... Наместо досегашните инвестиции само за реконструкција сега се дозволува и комплетна изградба на погони со потребна опрема, се дава нова дефиниција на малите и средни претпријатија согласно европската терминологија. И кај оваа мерка се проширува обемот за финансирање. Ако досега се финансираа проекти од 15.000 евра до 800.000 евра сега ќе се финансираат од 10.000 евра до 3 милиони евра.
Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање фамилијарни бизниси односно финансирање елаборати и бизнис планови за отворање бизнис во рурални места. Предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети. Наместо досегашните 5.000 евра до 200.000 евра сега долниот праг е 3.000 евра, а највисокиот 450.000 евра.
Портпаролот на Владата информира дека земјоделците ќе имаат период од еден месец да ги проучат процедурите, да ги обезбедат потребните документи и да направата план за можностите што им се на располагање. Јавниот повик ќе трае 45 дена по што ќе следи период од околу 2 месеци за евалуација на проектите и потпишување договори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.