Повикувањето на колективен имунитет е бесмислено, тврди Каиќ
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 06 Јули, 2020
Повикувањето на колективен имунитет е бесмислено и неопходни се строги мерки, тврди хрватскиот епидемиолог Бернард Каиќ.
Вели дека Хрватска во скоро време би можела да ја стигне Србија по број на заразени бидејќи луѓето премногу се опуштиле.
„Би вовел задолжително носење маски на сите јавни места како и физичка дистанца која очигледно не постои. Намалувањето на собирите е единствен начин за ширење на заразата. Ако се се пушти луѓето ќе се однесуваат како пред короната и ќе имаме илјадници заразени и на стотици во болниците“, објаснува Каиќ.
Хрватска размислува да ја затвори границата за Србите.Во изминатите 24 часа во земјата се евидентирани 69 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни случаи е 897.
На Балканот расте бројот на заразени од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.