Повисоки субвенции за употреба на сертифицирано семе
Објавено во: Агробизнис 03 Јуни, 2016 11:01
Земјоделците кои сеат житни и индустриски култури ќе добијат по 12.000 денари за хектар ако употребиле сертифициран семенски материјал.
За сите останати производители, субвенцијата ќе биде 7.000 или 1.000 денари помалку од минатата година. Дополнителни 4.800 денари по хектар ќе се добива и за површините со големина од 10 до 50 хектари. За оваа дополнителна субвенција услов е да се употреби сетрифициран семенски материјал и да се остварат просечни приноси повеќе од 4.000 килограми за пченица, 3.000 за јачмен и 1.800 килограми за сончоглед.
Пријавувањето е во октомври оваа година кога ќе заврши реколтата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





