02 Декември, 2024
0.1116

Поволни кредити за земјоделски производи

Објавено во: Агробизнис 12 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Конкретната поддршка на земјоделието, како и создавање на поволни услови за негов развој преку континуирана поддршка и инвестиции е приоритет на Владата.
-Исклучително поволен финансиски инструмент кој може да се користи за финансирање на проекти во земјоделството е ефтината кредитна линија на МБПР. Таа досега се користеше за финансирање на откуп и преработка и извоз на земјоделски производи“, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Заради овозможување на подобра поддршка за земјоделството, Владата на минатата седница усвои мерки со кои се предвидуваат нови можности за користење на овие исклучително ефтини средства. Тие опфаќаат зголемување на опфатот на субјекти кои може да ги користат овие средства, и се овозможуваат поволности во однос на роковите за користење на средствата.
Од идниот период, како што рече владиниот портпарол, средствата од овој инструмент, покрај за откуп, преработка и извоз ќе може да се користат и од страна на земјоделските производители за финансирање на процесот на производство.
Средствата ќе може да се користат по исклучително поволни услови, односно со каматна стапка од три отсто, што е најевтина каматна стапка во Македонија и пошироко; износот на средства кои може да се користат ќе се движи до максимален износ од 300 илјади евра. Доколку земјоделците се одлучат за подигнување на средства со краен рок на отплата до 18 месеци, тогаш грејс периодот изнесува 6 месеци, а доколку крајниот рок на отплата е  петгодини, тогаш грејс периодот за негово враќање изнесува една година, а средствата може да се користат и за инвестиции и за обртни средства.
-Во насока на подобрување на условите Владата предвиде уште две нови поволности во однос на роковите за користење на средствата. Овие поволности ќе важат и за користење на средства за производство, откуп, преработка и извоз на земјоделски производи“, додаде Ѓорѓиев.
Прво, се овозможи покрај финансирање на идни проекти, набавки и потреби, да можат да се финансираат и проекти, набавки и потреби направени 90 дена пред поднесување на кредитното барање од страна на земјоделците до МБПР.
-Второ, се изврши пролонгирање на рокот за правдање на документите за наменското искористување на средствата од 30 на 90 дена. Ова е заради специфичноста на откупот и преработката на земјоделски производи каде што многу често клиентите имаат потреба од кредитни средства кои се користат со одредена динамика како резултат на сезонските движења во земјоделството. На пример, при откуп на раноградинарски култури, истиот се врши во периодот март-мај, при откуп на млеко има сезонски откуп за време на зголемена лактација на добитокот, а во делот на инвестиции во градежни објекти, се плаќа по времени ситуации кои се ретко пократки од еден месец“, додаде тој.
Од вкупно расположливите 10,7 милиони евра, досега се искористени 3,1 милиони евра, што значи дека на располагање на земјоделците остануваат 7,6 милиони евра.
Имајќи предвид дека многу домаќинства егзистираат од земјоделието, Владата и во иднина ќе продолжи со силна посветеност за унапредување на земјоделието во државата, обезбедување на свежи средства кои ќе го помогнат земјоделското производство и пласман на истото.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.