Повредени пет деца во експлозија во Тетово
Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2014 19:26
Пет деца, од кои две посериозно, се повредени во експлозија на засега неутвредена направа што се случила околу 16:45 часот на улицата „29 ноември“ во ромското маало во Тетово.
Портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски изјави дека засега се уште не се знае што ја предизвикало експлозијата.
Двете посериозно повредени девојчиња, кои според очевидци се на 12 и 14 години, се упатени во Клиничкиот центар Скопје, додека другите три се пуштени на домашно лекување.
Директорот на тетовската клиничка болница Флорим Бесими изјави дека двете потешко повредени девејчиња имаат посериозни повреди по телото и екстремитетите и по укажаната прва помош, во сериозна здравствена состојба, но стабилни и надвор од животна опасност, се упатени во болниците во главниот град.
Експлозијата се случила на улицата додека повеќе деца на различна возраст си играле.
Полицијата и јавниот обвинител работат на утврдување на фактите.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




