ПОВРЗАНОСТА НА ДОЛАРОТ И НАФТАТА: Eдна од цените на дното, а другата на врвот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 23 Јули, 2020
Намалувањето на вредноста на доларот ја „поткрена“ цената на нафтата.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на оваа во однос на останатите шест највлијателни светски валути утрово се тргуваше близу границата на најниското ниво од март годинава.
Но, загриженоста на инвеститорите поради големите американски залихи и големиот број на новозаболени од корона вирусот во светот и понатаму го ограничува растот на овој енергенс.
Северноморската нафта „брент“ зајакна за 35 центи или 0,8 отсто и сега барел нафта од овој тип се продава за цена од 44,64 долари.
Американската „ВТИ“ поскапи за 32 центи на 42,22 долари за барел, пренесе „Ројтерс“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.