ПОВТОРНО БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ВО ПУСТЕЦ: Фондацијата „Бугарска меморија“ делува на терен
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024 15:40
Бугарија повторно е присутна на терен во Пустец во Албанија, и нуди бесплатни лекарски прегледи за жителите.
Фондацијата „Бугарска меморија“ од денеска и во наредните два дена, организира бесплатни медицински прегледи во општина Пустец, што е втора година по ред, по оние од септември лани.
Иницијативата која е дел од Договорот меѓу Албанија и Бугарија за соработка во областа на здравството е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Здравствениот дом во Пустец, како и на бугарското Министерство за надворешни работи, претставено од Амбасада на Република Бугарија во Тирана. Целта на иницијативата е да се подобри квалитетот на здравствената заштита на жителите на општината, преку понуда на специјализирани медицински услуги, објави Ора њуз.
Инаку, оваа фондација извесно време е присутна во Пустец и нуди привилегии за тамошните жители. На последниот попис во Албанија, македонското малцинство се намали, а се зголеми бројот на Бугари. Сега според најновиот попис, бројот на Бугари е поголем од бројот на Македонци во Албанија. Македонските здруженија од Албанија се побунија и тврдеа дека Бугарите нуделе привилегии со цел Македонците да се изјаснат како Бугари.Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




