03 Јули, 2024
0.0274

Повторно дебакл – Еурокомпозит без инвеститор!

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во Министерството за економија пристигнаа две понуди за купување на акциите на државата во 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп, IM Industries LLC од САД, носител на конзорциум и Birch Capital Partners од Женева. Квалификационите понуди само се отворени, но бидејќи не се во согласност со упатствата во тендерот, истите нема да се разгледуваат, велат за Фактор од Министерството за економија. Ништо од бизнисот со Еурокомпозит. Пропаднаа надежите дека прилепскиот загубар Еурокомпозит ќе добие купувач. И последниот обид на Владата, покрај многубројните до сега, заврши без успех – ниту еден од потенцијалните инвеститори, како што уверуваа од Владата, не стана инвеститор во прилепската фабрика за производство на композитни материјали. Иако тендерска документација подигнаа две компании од САД, една од Турција и една од Хрватска, Еурокомпозит и овој пат останува да ја живее загубарската агонија. Од Министерството за економија за Фактор објаснуваат дека само две компании поднеле понуди за Еурокомпозит. “Во Министерството за економија пристигнаа две понуди за купување на акциите на државата во 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп, IM Industries LLC од САД, носител на конзорциум и Birch Capital Partners од Женева. Квалификационите понуди само се отворени, но бидејќи не се во согласност со упатствата во тендерот, истите нема да се разгледуваат“, кусо објаснија од Министерството. Оттаму додаваат дека од швајцарската компанија Birch Capital Partners не доставие комплетна понуда, туку само писмо на намера за инвестирање во Еурокомпозит. Конзорциумот пак, предвден од американската компанија IM Industries LLC доставил понуда, но нецелосна. Недостигала банкарска гаранција и превод на сите документи на Македонски јазик, услов пропишан во тендерската документација кој е обврзувачки за сите странски инвеститори. Од Владата за Фактор коментираат дека хрватската компанија Ѓуро Ѓаковиќ која подигна тендерска документација,  а по втор пат не доставува понуду, била заинтеерсирана и за Емо и за Охис. Но, наместо во прилепскиот загубар Еурокомпозит, пред неколку месеци од Ѓуро Ѓаковиќ решија да инвестираат во Металски Завод Тито од Скопје. Берзата се уште не нуди информации за тоа како Еурокомпозит ја заврши 2013 година. Владата со години наназад бара инвестотор за оваа компанија, но притоа ниту еднаш до сега економските министри не излегле со став до кога ќе го толерираат негативното работење на Еурокомпозит и ќе ги покриваат загубите, наместо да побараат од менаџерите на компанијата санационен план или некоја друга алтернатива – што доколку за Еурокомпозит неколку последователни тендери нема инвеститор?!   К.П

Можеби ќе ве интересира

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Константинос Николау – главен извршен директор на УСЈЕ: Остануваме фокусирани на развојот на компанијата и заедницата

Константинос Николау – главен извршен директор на УСЈЕ: Остануваме фокусирани на развојот на компанијата и заедницата

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!