18 Декември, 2025
0.0468

Повторно истата казна за Гури и Алими од ДУИ за местење избори во Чаир

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2023 11:36

Добивај вести на Viber

Исмет Гури и Ејуп Алими повторно се осудени на по три и пол годишна казна затвор како поранешни функционери на ДУИ за уништување на изборен материјал, во случајот „Титаник 3“ познат по тоа што беше отворен од поранешното СЈО.

Кривичен суд им се судеше по вторпат, откако еднаш, Апелација ја укина пресудата. Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

Двајцата осудени преправале списи кои служеле за изборите и гласањето, со додавање и одземање на гласови.

„Судот потенцира дека една од основните претпоставки за владеење на правото е избирачкото право. Избирачкото право претставува услов без кои не може една земја да се претстави како демократска“, рече судијката Марија Клетничка.

Гури и Алими во 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор, а во 2021 година, Апелација донесе одлука, предметот да се суди одново. Апелација даде напатствија за правна оценка на кривичните дела за кои се гонат, да се провери и кој кое дело го сторил. Поради ова имаше и ново вештачење, кое ги даде истите резултати како претходните.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје