Добивај вести на Viber
Пропадна и третиот обид да се изгласа ДУП-от во Центар. Денешната седницата беше одложена бидејќи советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараа да биде присутен и градоначалникот Андреј Жерновски. Повеќе од два часа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ расправаа дали градоначалникот мора да биде присутен кога се одлучува за неговите предлози.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека гласањето и расправата за ДУП-от не може да биде полноважно ако Жерновски отсуствува и него го менува еден делегиран советник.
Новата седница е одложена во јули.
Расправата за ДУП-от се одложува веќе неколку недели, откако група демонстранти протестираа пред и во општинскиот двор и бараа да се повлече наводниот предлог за уривање на црквата „Св. Константнин и Елена“.
Тогаш советниците кои се мнозинство во општината уверуваа дека овој објект не предмет на расправа и не е засегнат со измените на ДУП-от.