18 Декември, 2025
0.0771

Повторно пламнаа борби крај Доњецк

Објавено во: Свет 03 Јуни, 2015 20:48

Добивај вести на Viber

Жестоки борби со користење на тешко вооружување пламнаа повторно во Доњецката област. Тоа се најсериозните борбени дејствија од договорот за примирје, постигнат во февруари во Минск. Борбите се водат околу Мариинка и Красногоровка - градови западно од Доњецк, кои се под контрола на силите на Киев. Двете страни во конфликтот се обвинија меѓусебно за тоа кој ги започнл борбите. Бунтовниците презедоа "силна офанзива против украинските позиции" во близина на Доњецк во 4,00 часот наутро, со учество на околу десетина тенкови и до 1000 борци, соопшти Генералштабот во Киев. Од самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) ги нарекоа овие тврдења "провокација". Според ДНР украинската армија го започнала бомбардирањето по целата линија на контакт. Министерот за одбрана на ДНР Владимир Кононов истакна дека овие акции на Киев биле "претходно планирани" и имаат за цел "колапс на договорот од Минск". Има информации за еден загинат цивил и 6 повредени граѓани, како и за најмалку 11 повредени украински војници.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина