03 Мај, 2024
0.0253

Повторно Србија се заканува со контра мерки кон Македонија

Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Доколку во следните десет дена македонските власти не ја укинат одлуката за ограничување на увозот на пченица и брашно, Србија ќе воведе контра мерки за Македонија предупредуваат од српското Министерство за трговија.

Бојана Тодоровиќ, заменик министер за внатрешна и надворешна трговија на Србија појаснува дека мерките ќе се однесуваат на македонскиот извоз на сезонско овошје, зеленчук и вино.

Во јули македонската Влада ја воведе мерката за ограничен увоз на пченица и брашно, а Србија се закани со контра мерки. Тогаш во експресна тајна посета дојде српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. Заедно со македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски ги пеглаа разликите и договорија надминување на проблемот.

„Нема да се укине oдлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија се додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски пред членовите на матичната собраниска Комисија.

Според него, заклучокот од ЦЕФТА-состанокот одржан во Белград е решавањето на проблемот да се сведе на билатерално ниво.

„Максимално се трудиме да ја искористиме можноста за откуп на домашната пченица. Имаме разбирање од мелничарите, но и од индивидуалните производители“, истакна тогаш Димовски.

По итна седница на ЦЕФТА, двете земји излегоа задоволни од исходот, но со различни изјави. Заменикот на српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија Бојана Тодоровиќ изјави дека со оглед на тоа што се работи за специфичен производ, Македонија би требало да ја укине мерката за месец и половина.

„Предложивме одредени заклучоци. Сите членки на ЦЕФТА ги прифатија аргументите на Србија, дека мерката на Македонија не е во согласност со ЦЕФТА договорите и дека е потребно нејзино итно укинување. Македонија не сакаше да ги прифати овие заклучоци. Но на крај после долготрајни разговори, добивме ветување, односно Македонија се обврза да ја укине мерката во разумен рок. Србија доби потполна поддршка од сите членки, кои беа едногласни за македонската мерка, изјави за српските медиуми Тодоровиќ.

 Но министерот Димовски, ден пред состанокот на Цефта кој се свика на барање на Србија, порача - мерката ќе трае до стабилизација на пазарот.

На итниот состанок на Цефта беше договорено Македонија да ја укине одлуката во разумен рок, но точно за колку време не беше прецизирано.

Тогаш српските институции изјавија дека очекуваат тоа да биде најдоцна во текот на овој месец, но од македонска страна немаше конретна временска одредница.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?