19 Декември, 2025
0.0472

Повторно заедно на интерактивни и иновативни детски претстави во Мој театар - Сити театар

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2023 09:24

Добивај вести на Viber

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека започнува четвртиот циклус на иновативни претстави, кои ќе се одржуваат секојанедела во рамки на “Мој театар - Сити театар” запонувајќи од 26.02.2023 година.

Во текот на изминатите 3 циклуси на Сити театарот успеавме заедно со нашите посетители преку купување на билет да ја покажеме нашата хуманост, а со тоа придонесуваме за повеќе детски насмевки. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и Ваш Сити театар.

Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко - драмски претстави, наменети за деца од 3 - 10 годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички можности, со ласерски анимации и слично, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде дел од самите претстави. Ветуваме прекрасни моменти и уживање во најголемата сала во Синеплекс.

“Честопати посетителите прашуваат: “Зошто се создаде Сити театар? - Бидејќи нашите посетители го побараа тоа од нас. Сите досегашни циклуси на претстави беа во целост распродадени, што е доволен показател за нивниот квалитет и потреба. Затоа ние ќе продолжиме да се трудиме да ги задоволиме сите потреби, секојдневно да се надградуваме и бидеме во чекор со времето и реномето на нашиот мол, кој секогаш се труди да обезбеди максимални услови, добра организација и пред се добра културна програма особено за најмладите.

Нашата интенција е да овозможиме редовни културни манифестации  со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме средства кои дел од нив ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели. Од претходните 3 цуклуси се собраа 250,000 денари кои беа донирани вo здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа".

Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде "Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме" -изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии