ПОЖАР ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ ВО ЉУБЉАНА! 11 повредени, едно лице во критична состојба! (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2025 11:43
Рано утрово избувнал пожар во студентски дом на Пољанска цеста во Љубљана при што се повредени 11 лица, од кои едно е во критична состојба, јави Н1 Словенија.
Пожарот бил пријавен кусо по четири часот, а пожарникарите брзо реагирале, евакуирале 363 лица и спасиле 45 лица со помош на скали и заштитни маски.
Во гаснењето учествувале 77 пожарникари со 23 возила, а пожарот бил ставен под контрола за нешто повеќе од еден час.
Според информациите од Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Љубљана, меѓу повредените има млади лица на возраст од 15 до 19 години.
Тројца се здобиле со тешки повредени – еден ученик има тешки изгореници и е во критична состојба, додека двајца се здобиле со скршеници на ’рбетот и глуждот откако скокнале од прозорец за да се спасат од пожарот.
Уште четворица се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид, а останатите се со полесни повреди.
Zgodaj zjutraj je zagorelo v stavbi Dijaškega doma Ivana Cankarja na Poljanski cesti v Ljubljani. Po prvih podatkih policije je zagorelo v eni izmed sob v prvem nadstropju. Gasilci so požar že pogasili. Evakuiranih je bilo 363 ljudi, enajst jih je potrebovalo zdravniško pomoč. pic.twitter.com/6089T97Eae
— RTVSLOinfo (@RTVSLOinfo) January 30, 2025
Причината за пожарот се уште не е позната, а истрагата е во тек.
Според првичните информации, пожарот избувнал во една од собите на првиот кат и брзо се проширил.
Студентите тврдат дека алармот за пожар не се активирал, но полицијата се уште не го потврдила тоа.
Фото: Принтскрин/Твитер* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!





