ПОЖАРИ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Koлкава површина изгоре за 14 години?
Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2024 18:40
Во регионот на Коринт на Пелопонез за 14 години во пожари изгореле осум отсто од површината. Метео ги анализира најновите податоци од Службата за брзо мапирање Коперник и од Европската опсерваторија за шумскиот пожари во северниот дел на Пелопонез што зафатил околу 6,500 хектари заклучно со вчера наутро.
Пожарот избувна во неделата и веќе е ставен под контрола, не постојат активни жаришта, додека животот го загубија две лица.
„Од 2010 година до сега, во регионот на Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез во пожари изгореле 18,000 хектари, односно осум проценти од вкупната површина, додека пак последниот пожар од неделата е најголем во последните 14 години, според порталот Метео на Националната опсерваторија на Грција“, јави дописничката на МИА од Атина.
Секое лето во Грција има големи шумски пожари. И ова лето полицијата фати подметнувачи.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




