ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Е СТАВЕН ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА - надлежните се уште се на терен
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 08:52
Утрово пожарот во фабриката во Трубарево е ставен под целосна контрола, јави првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
По скоро 8 часа борба со пламените јазици и бројните екипи на терен, најпосле и овој пожар е локализиран.
- Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина - јави накратко Ангелов.
Тој изрази голема благодарност до пожарникарите за брзата реакција, но и истакна дека успеале да спречат ширење на пожарот во дворови кои исто така имале пластичен отпад.
- Благодарение на брзината и пожртвуваноста на скопските пожарникари како и одлично организираната и координирана акција, при справувањето со пожарот во Трубарево успеавме да спасиеме неколку објекти чиј двор но и самите објекти беа полни со пластичен отпад - укажа Ангелов.
Тој потоа укажа дека на местото каде што бил пожарот имало големи количини пластичен отпад.
- Од она што можам да го забележам овде, се работи за големи бали со пластичен отпад, пластични шишиња и друг отпад, уредно спакувани. Пожарот е изгаснат. За жал, се уште имаме активно чадење.
Делот каде што се наоѓаат литиумските батерии е затрупан со песок, на некои места е користена земја, онаму каде што нема литиумски батерии односно електронски отпад. Но, има чадење преку песокот и посипаната земја. За жал, чадењето се уште е силно, пожарникарите работат на навлажнување на песокот заради догаснување на пожарот, бидејќи ваков електронски отпад е исклучително тежок за гасење. Пожарникарите работеа во текот на целата ноќ - истакна Ангелов.
Соопшти и дека околу 2.30 часот добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму.
- Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската противпожарна бригада која го изгасна огнот, од кој постоеше опасност да го зафати главниот дел од депонијата.
Сега состојбата во „Дрисла“ е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано. Но, дел од механизацијата беше пренасочен и овде, на големиот пожар во Трубарево - рече Ангелов.
Како што соопштија вчера надлежните, пожарот изби некаде по 13.00 часот, а на терен веднаш беа испратени пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои обзнанија дека се борат со два опасни пожари, кои избувнале во близок временски интервал.
Голем број пожарникари учествуваа во борвата со пожарот кој избувна во компанијата „Ф-Групација“ во скопско Турбарево. Во негово гаснење беа вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, но и екипи на ЦУК, ДЗС, ер трактор, хеликоптер од АРМ, дополнителна механизација од приватни компани...
Поврзани вести:
ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО - граѓаните револтирано споделуваат фотографии на социјалните мрежи
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




