Добивај вести на Viber
Повеќе подрумски простории изгореа во зградата број 5 на булевар „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Ново Лисиче. Пожарот избувнал нешто по пладне. Го гаснеа повеќе пожарникари со три возила, а полициските екипи го обезбедуваа просторот за увид.
Жителите на зградата и станарите денеска беа во паника. велат пожарот избувнал во подрумот и почнал да се шири нагоре. Надлежните засега не информираат што е причината за пламнување на огнот, но се претпоставува дека е човечки фактор. Нема повредени и жртви.