05 Декември, 2025
0.3396

Пожарот во Главната пошта предизвикал помала материјална штета!?

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013 14:10

Добивај вести на Viber

Вчерашниот пожар во зградата на Македонски пошти предизвикал минимални штети. Сервер салата и архивата, како и првиот кат останале неоштетени, додека последици од огнот има на покривот, шалтер салата и неколку канцеларии од вториот кат, соопшти директорот Рафиз Алити.

Тој појасни дека поштата функционира нормално, пратките се сигурни, а се надеваат дека уште денеска ќе се поврзе опремата за да функционира уплатата и исплатата. „Засега не можеме да ја кажеме висината на штетата во пожарот. Управниот одбор на АД „Македонска пошта“ - Скопје и денеска ќе се состане. Уште утре ќе се формира Комисија која ќе ги направи проценките за висината на штетата. Денеска истражните органи се во зградата и ги утврдуваат причините за пожарот“, рече Алити кој појасни дека пожарот избил на вториот кат најверојатно поради спој на електрични жици.

Според Алити, за четири до пет дена сите вработени ќе се вратат во зградата бидејќи канцелариите биле во добра состојба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници