16 Декември, 2025
0.0900

Познат бизнисмен убиен во Бугарија

Објавено во: Балкан 25 Март, 2014 11:04

Добивај вести на Viber

Бугарскиот бизнисмен Борислав Манџуков е убиен синоќа пред вратата на станбениот комплекс „Бокар“ во Софија, каде што живеел. Според информациите, 39-годишниот Манџуков бил еден од најпознатите бугарски бизнисмени, сопственик на рестораните „Версај“ и „Булгари“, како и на дискотеката „Егзит“, а во сопственост имал и менувачници и хотели. Но, и самиот честопати имал проблеми со законот, така што против него биле покренати 48 кривични пријави, од кои најголемиот дел за затајување данок и измама. Во 2004 година, тој стана познат во јавноста откако напаѓачи ја киднапираа неговата тогашна девојка, а сегашна сопруга Гаље Пејева и ја држеа повеќе од еден месец барајќи за неа откуп од половина милион евра. Полицијата наводно открила дека доцна синоќа Манџуков бил со свој пријател, кога врз нив бил отворен оган од засега непознат правец. Бугарските власти трагаат по сторителите и мотивите за убиството.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството