20 Декември, 2025
0.0749

Познат е предлогот на македонско - бугарската комисија

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018 08:59

Добивај вести на Viber

Заедничко одбележување на Св.Кирил и Методиј и на Прличев, предлага бугарско-македонската комисија. 

Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им прдложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев.

Ова го соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев, пренесува БТА.

„Со нашите колеги од Република Македонија се согласивме од научна гледна точка да оправдаме зошто нашите две влади треба да продолжат да го слават заеднички Денот на светите браќа Кирил и Методиј“, објасни претседателот од бугарска страна Ангел Димитров, по третото заседание на заедничката комисија.

Постигната е согласност и да се предложи во двете држави да биде почитуван и одбележан Григор Прличев, човек со исклучителни заслуги за културниот и општествениот развој.

„Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и особено на личноста на Цар Самоил. Разговорите беа долготрајни и сериозни, професионално коректни, тешко доаѓаме до заедничка позиција, но не сме кренале раце“, вели Димитров.

Тој посочи дека тешко се надминуваат тези кои биле утврдувани со десетлетија и оти општеството тешко ги прима таквите промени.

Вели дека многу е важно да се утврдат настаните и личностите чие заедничко одбележување ќе придонесе за зближувањето на двете држави, за зголемување на довербата и соработката.

Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, кој е копретседател на Комисијата од страна на Република Македонија, рече дека на средбата во Софија имало позитивна атмосфера и желба за соработка.

„Задоволен сум од средбата и се враќам со позитивна енергија во Република Македонија“, кажа Ѓоргиев.

Двете страни ги имаат изготвено своите забелешки во однос на учебниците од основното образование и тоа ќе биде тема на наредните средби на комисијата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки