23 Ноември, 2024
0.0449

ПОЗНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ ЗАТВАРА ДВЕ ФАБРИКИ: Дури 1.254 работници останаа без работа

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Францускиот производител на гуми Мишелин денеска им потврди на синдикатите дека најдоцна на почетокот на 2026 година ќе затвори две фабрики во Франција, а без работа ќе останат вкупно 1.254 работници.

Во фабриката на локацијата Ван се вработени околу 300 работници кои произведуваат метални шипки за засилување на гумите, додека 963 работници на локацијата Шола произведуваат гуми за комерцијални возила, пренесува Фигаро.

- Очигледно е шок за вработените - признава извршниот директор на групацијата Мишелин, Флорент Менего.

Деловните активности на овие две локации нема да продолжат до следниот понеделник за да им се овозможи на работниците доволно време да ги прифатат информациите за затворање.

Менего вети дека компанијата ќе ги поддржува работниците по отпуштањата додека не најдат ново вработување.

Предвремено пензионирање и шеми за внатрешна и надворешна мобилност ќе бидат понудени како што се секогаш кога ќе се затвори некоја локација.

Мишелин ги уверува работниците дека пред одлуката за затворање на фабриките ги проучувала сите алтернативни можности за да го избегне тоа сценарио, но компанијата е под голем притисок од поевтината конкуренција на азиските производители.

Цените на енергијата во Европа се двојно повисоки отколку во Соединетите Американски Држави или Азија, кои двојно ги зголемија трошоците за производство во споредба со 2019 година, додава Менего.

Според него, Мишелин повеќе нема да може никому да гарантира вработување бидејќи тоа би било неодговорно во услови на глобализираниот пазар.

Телеграф.рс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи