09 Декември, 2024
0.0265

РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ ПАРИ – еве кои се причините

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Најновиот финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија открива оти ќе се намалат вкупните средства кои оваа институција планира да ги потроши следната година.

Имено, во финансискиот план за 2025 година, кој веќе е пред собраниските пратеници, е наведено дека вкупните расходи или потребни средства за исполнување на планираните активности и обврски во 2025 година ќе достигнe 174.941.542 денари што претставува намалување на вкупните расходи од 2024 година кои биле планирани да надминат 230 милиони денари. Како што се посочува во планот, со ова ќе се потрошат точно 55.281.870 денари помалку. 

-  Регулаторната комисија за енергетика при планирање на расходите за работењето за 2025 година, се водеше од начелото за рационално и економично трошење на потребните средства со цел квалитетно, континуирано и ефикасно извршување на задачите, обврските и надлежностите – се наведува во финансискиот план доставен во Собранието.

Во планот може да се види дека за оваа година РКЕ требало да потроши над 230 милиони денари, но до крајот на септември биле потрошени само 101,4 милиони денари. Очекуваат до крај на годината да потрошат уште 63.174.450 денари, со што вкупно оваа година регулаторите би потрошиле 164,5 милиони денари, а не планираните 230 милиони.

Една од најголемите ставки во расходите на РКЕ очекувано се платите и надоместоците. Бројките откриваат дека за оваа година регултаорите планирале да потрошат 93.752.808 денари за плати и надоместоци, но до крајот на годината најверојатно ќе бидат потрошени 66,6 милиони денари. За следната година вклучувајќи ги и новите вработување кои се планираат, ќе бидат потрошени 96,9 милиони денари.

- Со предложениот финансиски план предвидени се средства за платите на вработените и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и нови вработувања што е предвидено да се реализираат во 2025 година, поради зголемениот обем на работни обврски, согласно новите надлежности на Регулаторната комисија за енергетика, предвидени со Законот за управување со отпадот – се нагласува во планот.

Уште една висока ставка од расходите на РКЕ за оваа година биле „Капитални и други средства“, со која требало да бидат потрошени вкупно 96.036.500 денари, но до крај на годинава ќе бидат потрошени само 6.160.500 денари. Следната година за капитални расходи се планираат 6,6 милиони денари.

-  Вкупниот потребен приход за работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2025 година изнесува 174.941.542 денари, и овој износ се планира да се оствари од приходи од наплата на надоместок за издавање на лиценци за вршење на енергетски дејности, во износ од 9.500.000 денари. Од надоместоци од постапката за утврдување на тарифи за водни услуги 239.772 денари. Планиран приход од наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат дејност во Македонија во износ од 108.034.044 денари. Планиран приход од наплата на посебен годишен надоместок утврден како процент на зафаќање од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водните услуги, во износ од 1.897.309 денари. Пренесен вишок на приходи од претходната година од 55.270.417 денари – објаснуваат од РКЕ.

Следната година РКЕ ќе го намали процентот на годишен годишен надоместок од носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат дејност во Македонија утврден како процент на зафаќање во износ од 0,0360 отсто од вкупниот приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности. Минатата година овој процент изнесувал 0,0364 проценти.

Предлогот за намалување на процентот е пред пратениците, кои во следниот период треба да го изгласаат.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?

БУНТ ПРОТИВ ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР - Лидл наиде на неочекувани проблеми во Црна Гора

БУНТ ПРОТИВ ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР - Лидл наиде на неочекувани проблеми во Црна Гора

ТРГОВИЈАТА ЈА ПРИДВИЖИ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА, ИНДУСТРИЈАТА СО ГОЛЕМ ПАД - економистите очекуваат позитивните трендови да продолжат

ТРГОВИЈАТА ЈА ПРИДВИЖИ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА, ИНДУСТРИЈАТА СО ГОЛЕМ ПАД - економистите очекуваат позитивните трендови да продолжат

„ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ“: Владата вели растот на БДП во третиот квартал ќе достигне 3 проценти

„ПРВИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ“: Владата вели растот на БДП во третиот квартал ќе достигне 3 проценти

ПАРОВИ СО ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ 20.000 ЕВРА ЗА СТАН ИЛИ КУЌА - соседите со многу поволности за наоѓање дом, има само еден услов

ПАРОВИ СО ДЕЦА ЌЕ ДОБИЈАТ 20.000 ЕВРА ЗА СТАН ИЛИ КУЌА - соседите со многу поволности за наоѓање дом, има само еден услов

ТУРИСТИ ГИ ИЗБРААТ НАЈДОБРИТЕ ПАТИШТА ВО СВЕТОТ! На прво место се Нов Зеланд, еве каде е Македонија

ТУРИСТИ ГИ ИЗБРААТ НАЈДОБРИТЕ ПАТИШТА ВО СВЕТОТ! На прво место се Нов Зеланд, еве каде е Македонија

Еден од најважните сектори во рацете Роксана Минзату - која е новата потпретседателка?

Еден од најважните сектори во рацете Роксана Минзату - која е новата потпретседателка?

Ако планирате патување за одмор, ова може да ви го уништи одморот: Прашајте за превозот во овие три земји

Ако планирате патување за одмор, ова може да ви го уништи одморот: Прашајте за превозот во овие три земји