16 Декември, 2025
0.0489

Познат руски бизнисмен сака да си купи цел остров во Хрватска

Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2014 11:42

Добивај вести на Viber

„За познат купувач бараме остров во северниот дел од Јадранското Море“ - оглас со ваква содржина осамна во хрватските весници, објавен од агенцијата за промет со недвижнини „Смарт-инвест имобилиен“. Сопственикот на агенцијата Милан Мандиќ за хрватските медиуми открива дека се работи за познат богат руски бизнисмен, кој сака да купи ненаселен остров со површина од 50.000 до 400.000 квадратни метри. Хрватската јавност започна да нагаѓа за кој руски бизнисмен станува збор, иако тој инсистирал на анонимност кога се обратил во агенцијата. Процедурите за странец да купи остров во Хрватска не се едноставни. Тој најпрвин мора да отвори фирма таму. чекор кој сите странски бизнисмени не се подготвени да го направат. Мандиќ објаснува дека има голем интерес и кај други инвеститори, пред се од Русија, за купување на делови од хрватското приморје, но засега административните процедури се премногу сложени. Тој се надева дека тоа наскоро ќе се промени.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството