14 Мај, 2024
0.0253

Познати брендови кои ќе исчезнат од пазарите во 2014 година

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Секоја година сајтот „24/7 Волстрит“ објавува список на компании чии имиња би можеле да станат историја до крајот на годинава на пазарот. Листата изгледа вака: 1. Пени - Прогнозите за исчезнување на оваа марка на гардероба се се поизвесни, по големите губитоци кои компанијата ги претрпе во последните неколку години поради преголемата конкуренција на пазарот. За последниот квартал, заклучно со ноември годинава, продажбата опаднала за 4,8%, бруто маржата опаднала на 29,5%, а компанијата пријави нето губиток од 489 милиони долари. Акциите на оваа компанија паднаа за повеќе од 50% на годишно ниво. 2. Олимпус - Покрај лидерите на пазарот, како што се Канон, Никон и Сони, никој повеќе не сака да биде во индустријата за дигитални камери и апарати. Не е тајна дека компанијата Олимпус, која има само седум проценти од пазарниот удел, не успеа да генерира прогнози за профит во изминатите три години. Реалната продажба е помала за две третини од прогнозата. Олимпус очекува пад на продажбата од 5,1 на 2,7 милиони единици ширум светот. Главната причина за пад на продажбата е појавувањето на смарт телефоните со чипови и камери кои прикажуваат висок квалитет-како алтернатива на дигиталните фото-апарати. 3. Марта Стјуарт ливинг магазин - До крајот на 2012 година, издавачкиот дел на оваа компанија бележи губиток на приходите од 179,1 на 122,5 милиони долари. Во изминатата година забележале губиток од 62 милиони долари а во третиот квартал годинава 27,6 милиони долари. Главен проблем кај водечкиот весник на оваа компанија е падот на рекламните страници. 4. Ливинг соушел - Најавено е дека овој сајт за групно купување ќе биде продаден на некоја поголема компанија или ликвидирал дел по дел до пролетта 2014 година. Поради големата конкуренција на слични сајтови, кои имаат голема база на клиенти и значајна количина на податоци за своите корисници, овој сајт нема големи шанси да опстане. 5. Мицубиши моторс - Иако никогаш немал присутност во САД, овој јапонски производител на автомобили имаше некаков успех со моделите Ланцер  и Еклипсе. Меѓутоа, Мицубиши наскоро ќе излезе од американскиот пазар, исто како што излезе и неговиот јапонски конкурент, американскиот Сузуки Мотор Корп. минатата година. Неговата продажба значително опадна на помалку од 60 илјади единици во САД, од 80 илјади продадени единици во 2011 година. Во 2013 забележа пад од 0,7 отсто, односно, нешто помалку од 50 илјади единици.  

Можеби ќе ве интересира

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?