Познато е која европска земја има најмногу починати на 100.000 луѓе
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Февруари, 2021
Koеонавирусот „коси“ во Словачка. Земја со најмногу смртни случаи од коронавирусот во Европа е Словачка.
Бројот на починати на 100.000 жители скокна од 1,68 на 1,78, покажаа денешните податоци на Универзитетот Џон Хопкинс.
„Најзначајниот фактор што спречи да падне бројот на нови случаи во Словачка е високата циркулација на новата варијанта на вирусот, откриена во Велика Британија“, изјави словачкиот епидемиолог Марек Мајдан.
Претходно овој месец, Владата соопшти дека многу заразната мутација на коронавирусот, првпат откриена во Велика Британија стана доминантна во Словачка, со дури 74 проценти од новите случаи.
Португалија беше на врвот на листата повеќе од три недели, па падна на второто место со 1,48 смртни случаи на 100 000 жители. Земјата лани ги затвори училиштата, продавниците и границите за да го спречи ширењето на вирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.