Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Април, 2021 16:03
Државата со нов пакет мерки ќе им помогне на погодените од пандемијата. Шестиот пакет мерки, кој „тежи“ 17,8 милиони евра, се состои од финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени.
Опфатени се 12 категории на дејности меѓу кои угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена. Тука спаѓаат ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за помош на туристичките агенции.
Со околу 2,5 милиони евра ќе бидат поддржани приватните детски одмаралишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свабди, евент индустријата, фитнес центрите и фотостудијата.
На угостителските објекти ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите. Тие ќе земат по 15.200 денари финансиска поддршка за секој вработен за што ќе бидат одвоени 9,9 милиони евра и ќе бидат опфатени 6.000 угостителски објекти со околу 17 илјади вработени.
Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој пакет мерки е задоцнет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





