Познато од каде дошле 250.000 евра на сметката на Лила Филиповска, се јави сопственичката на градежната фирма
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2020 08:31
Ена Норнилд, косопственичка на градежната фирма „Дан-Мак“ тврди дека и ги исплатила фамозните 250.000 евра на сметката на водителката Лила Филиповска, која претходно беше сведок во судењето за случајот „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева.
Таа за МКД.мк вели дека била измамена за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица, а посредник била водителката Лила Филиповска, по што пред две години поднела кривична пријава против неа и Јовановски.
Вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството.
„Побарав средба со Боки. Отидовме во неговата куќа во Орман. Кога влегов внатре, сѐ беше под знакот на ЕУ - знамиња, папки, беџеви, пенкалца... Тој ми рече дека проектот веќе е добиен, но е заштитен, а деталите ќе може да се видат откако ќе се плати учеството. Со мојот адвокат спремив договор, со извршни клаузули за двете страни ако некој не ги испочитува условите од договорот“, раскажува Норнилд.
Исплатата се случила на 21 јуни 2017 година, а парите веднаш биле повлечени и претворени во кеш. Норнилд вели дека нејзината пријава стои заклучена во фиока во Обвинителството. Се обратила и до извршител за да си ги врати парите од Стојановска, но целиот имот и бил под хипотека.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




