ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот
Објавено во: Македонија 29 Март, 2024 07:30
Во текот на викендот се најавуваат невобичаено високи температури за овој период од годиниата, но и висок УВ индекс заедно со топол ветер.
- Висок УВ ИНДЕКС со коефициент 7, како и топол јужен и југозападен ветер не очекува времето викендов, како и во понеделник. Поради повторените изразени јужни и југозападни воздушни струи, од Сахара на наша територија повторно ќе се транспортира прашина и песок, така што атмосферата ќе биде облачно особено во недела и понеделник - вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Според него, викендов и во понеделник ќе се достигна рекордни температури за овој период, па дури најавува дека ќе надминат 30 степени.
- Во понеделник во Македонија ќе биде до 32 степени, во регионот над 32 степени.
Во понеделник, на 1 Април во Македонија, како и во регионоит би можело да се мерат температури толку високи за самиот почеток на април што многу долги години сме немале во тоа време толку високи температури на воздухот. Според моменталните анализи со кој располагаме, во централните предели од Македонија во понеделник се очекуваат температури до 32 степени, во регионот тие би можеле да бидат дури и повисоки, до околу 33-34 степени - пишува Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




