Пратениците избраа нов министер без ресор
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016
Собранието денеска за министер без ресор го избра Бејџан Иљас.
Ова е по предлог на премиерот за спорведување на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев. Претходно од оваа позиција беше разрешен Фуркан Чако.
Димитриев објасни дека Демократската партија на Турците во Македонија до него доставила допис со барање за замена на министерот без ресор со ново лице со образложение дека со него ќе има поефикасно функционирање на овој ресор којшто главно работел на соработката со Турција.
Новиот министер без ресор по професија е лекар специјалист вработен во Клиничката болница во Тетово, советник во Општина Теарце и заменик претседател на Демократската партија на Турците.