ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ПРОШЕТАА ДО АНБ: Не добија документи на увид, туку само информации од Христовски
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2025 15:31
Пратениците се прошетаа до Агенцијата за национална безбедност, но не добија документи на увид. Собранието соопшти дека комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, на 10.09.2025 година реализираше надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност, но немале можност да ги видат документите.
„На средбата директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги информираше членовите на Комисијата во врска со неправилности и недостатоци, односно за непрофесионалното и незаконито постапување во Агенцијата, во периодот од 2019 година до 2024 година. Воедно директорот информираше и дека се доставени известувања до надлежно Јавно обвинителство кое постапува во конкретниот случај. Од тие причини пратениците немаа можност за увид во документацијата“, соопшти Собранието.
На средбата се разговарало и за потреба од институционално постапување и решавање на предметите во врска со доставените известувања до надлежното Јавно обвинителство во согласност со законската регулатива и утврдените постапки од една страна и важноста и потребата за остварувањето на суштински надзор над работењето на Агенцијата од собраниската Комисија од друга страна.
„На средбата членовите на Комисијата беа информирани и за други теми поврзани со работењето на Агенцијата за национална безбедност и активности кои што се преземаат со цел подобрување на условите за работа и отстранување на недостатоците во работењето“, велат од Собранието.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




