05 Декември, 2025
0.1259

Пратеник од СДСМ вели дека власта спрема терен за враќање на Груевски, Филков му одговори

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2025 16:59

Добивај вести на Viber

СДСМ обвинува дека Владата подготвува враќање и амнестија за поранешниот премиер Никола Груевски, а министерот Игор Филков им одговори да не ја „замајуваат“ јавноста. 

Пратеникот од СДСМ, Миле Талески денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието рече дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија.

Талески упати директно пратеничко прашање до министерот за правда Игор Филков – дали Министерството поднело ново, обновено барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратеникот на СДСМ тврдеше дека во јавноста интензивно се зборува за „тивка“ работа, со поддршка од лица на највисоки функции во Владата, со цел да се создаде клима за враќање на Груевски.

Филков избегна одговор со „да“ или „не“ велејќи дека Министерството за правда „си ги бара сите бегалци“, но дека опозицијата „говори за политички азиланти“.

„Ова министерство си ги бара сите бегалци. Што значи дека секојпат кога ќе бидат создадени услови, повторно и повторно Министерството за правда ќе си ги бара своите граѓани“, рече Филков.

Груевски во 2018 година избега од Македонија и доби азил во Унгарија. Таму живее со години. Повремено на социјалните мрежи ги коментира политичките случувања во Македонија. 

фото принтскрин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат