18 Декември, 2025
0.0615

Прават пустош, а плаќаме за нив! Колку пари даваме за струја од малите хидроцентрали?

Објавено во: Економија 11 Август, 2021 13:18

Добивај вести на Viber

За произведени 1,1 милиони мегаватчасови за десет години работа (за споредба Македонија годишно троши над 6 милиони мегаватчасови струја) малите хидроцентрали од сите нас наплатија 90 милиони евра. Сите се приватни инвестиции со загарантирана цена на струјата на период од барем 20 години и немаат никаква балансна одговорност. Екологистите и јавноста воопшто се се погласни дека нивното однесување и влијание врз природата најблаго речено е неприфатливо

Потресни слики од уништување на шума, водотеци и мали реки, животниски и растителен свет при изградба на нова мала хидроцентрала на скопска Маркова Река. Еколозите алармираат дека природата се уништува затрупувајќи водотеци за пробивање пат до локацијата на која ќе се гради нова мала хидроцентрала. Екологистите се на нозе. Уште еден приватен објект за производство на струја која ќе се плаќа со народни пари по загарантирана цена во наредните дваесетина години!

И каде е тука народниот интерес? Приватни инвеститори добиваат државни концесии и загарантирани цени на струја под превезот дека станува збор за зелена енергија. Колку енергија? Многу малку. По кои цени? Па....... ги имате на сајтот на Регулаторната комисија за енергетикана следниот линк https://erc.org.mk/pages.aspx?id=157

Најбројни меѓу нив се најмалите хидроцентрали кои пак имаат и највисоки цени за предаден мегаватчас струја – загарантирани 80 евра за мегаватчас за цело времетраење на концесијата, барем 20  години во зависност од концесијата.

Колку досега сме платиле за струјата од овие мали хидроцентрали?

Малите хидроцентрали се проект за зголемување на учеството на електричната енергија што не загадува во вкупното производство на струја. Од аспект на количината произведени мегаватчасови – минорно или широкоградо речено мало производство. Колку пари не чинеше тоа од 2010 година до 2020 година? 91 милиони евра за 1,1 милиони мегаватчасови! Или 90 евра за мегават час. Багатела!??? 

И тука има разлика! Големите хидроцентали (државните) имаат цена за произведен мегаватчас струја што е речиси на половина од малите хидроцентрали (приватните). Ефектот по системот е неспоредлив. Всушност електропреносниот систем од што се мали не ги ниту гледа малите хидроцентрали.

Како што веќе објавивме на „Фактор“ подолу е линк од листата на мали хидроцентрали со најголеми профити во 2020 година https://faktor.mk/koi-se-najprofitabilnite-mali-hidroelektrani

Вреди ли за цената?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?