Кои се најпрофитабилните мали хидроелектрани?
Објавено во: Економија 28 Јуни, 2021 08:57
Кога ќе се погледне работата на малите хидроцентрали, впечатокот е дека целосно доминира зелената боја. Зелена за струјата што ја произведуваат и за која не се испуштаат емисии на озлогласените стакленички гасови. Но и зелената како боја која доминира на банкарските сметки на дел од овие компании за производство на зелена струја.
Зелената енергија е врвен приоритет на европската агенда. Македонија декларативно, но и практично и суштински во пракса во целост го поддржува и промовира производството на електрична енергија. А и плаќа за тоа производство на зелени мегаватчасови струја произведена од мали хидроцентрали. Надлежното регулаторно тело редовно и навремено ги објавува збирните податоци за произведените „зелени мегавати“ по извори и просечните цени кои ние сите потрошувачите во крајна линија ги плаќаме за таа зелена енергија која не ја загадува животната средина.
За тоа дали ја уништува околината градбата на хидроцентрали низ планините, како тоа влијае врз екосистемите, дивите животни, птици, растенија и инсекти има многу дебати и спротивставени ставови. Гледаме секојдневно активни многу екологисти кои ја покажуваат и другата не толку чиста страна на зелените извори за производство на струја при што нема емисии на CO 2.
Кој како сака може да ја врти и прикажува работата на малите хидроцентрали. Нас од редакцијата на „Фактор“ не интересираат бројките. Поточни парите кои во крајна линија сите ние граѓаните ги плаќаме за „зелените киловати или мегавати“ кои ги произведуваат малите хидроцентрали.
Подолу е листата на мали хидроцентрали кои лани заработиле односно направиле профит поголем од 100.000 евра
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





