08 Октомври, 2024
0.0357

Правен лавиринт го остави Стење без концесионер

Објавено во: Македонија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Поради правен лавиринт оваа година плажата во селото Стење на Преспанското Езеро, нема концесионер, со што многу домашни туристи се откажаа од намерата таму да летуваат.

Од Општина Ресен за ова ја информирале Владата и се надеваат дека идната година состојбата ќе се реши.

„Нема концесионер затоа што има правни пречки. Владата во 2015 година на општината и пренесе на користење урбана опрема, општината не може да ја продава, може лично да ја користи. Општината нема право да издава фискални сметки, и со одлука во 2015 година ја пренесе на ЈП„Пролетер“, вели секретарот  на Општина Ресен, Јоне Димовски.

Додава дека во меѓувреме месната самоуправа помогнала просторот околу езерото да се расчисти.

Туристите велат дека е штета убавините на Преспанското Езеро да не бидат максимално искористени.

„Минатата година бев во Долно Дупени, и оваа година сакав да летувам во Стење затоа што езерото навистина ми се допаѓа, но се појавија фотографии по групи на социјалните мрежи на кои се гледаше дека плажата е запуштена, по што за жал морав да го откажам сместувањето“, рече Александар М. од Куманово.

Луѓето кои издаваат соби за туристи ќе претрпат штети оваа сезона.

„Оваа година ќе имаме големи штети. За 50% ќе имаме помалку гости. Откажуваат затоа што на плажата нема лежалки, нема кафулиња. Денеска ми дојдоа туристи и веднаш реагираа дека им пречи тоа што нема лежалки, ниту кафулиња на плажата. Природата е фантазија, ама џабе кога никој ништо не прави за овој крај. Се организиравме мештаните и ја исчистивме плажата, дури им реагираме и на туристите кои се несовесни и не ги собираат отпадоците, ама пак е џабе, оваа сезона ќе пропадне и тоа е навистина штета за една ваква убавина. Од нас бараат да плаќаме даноци, за давачки постоиме, а за друго никој не мисли на нас“, вели жена од Стење која издава соби.

Таа додава дека друг проблем е што Стење е отсечено, па ниту има превоз од Скопје ниту од Ресен, за да се стигне во селото. Мештаните се разочарани и од односот на општината и од државата, затоа што се запоставени, а воедно со ваквото нивно однесување им се скратува шансата да заработат некој денар плус во текот на летото.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот